Неосветлен панел

Неосветлените панели ги покриваат најважните стратешки локации на кои не постои можност за осветлување, надоместувајќи за овој недостаток со својата одлична поставеност, доминантна големина и употреба на високо квалитетни ламинирани постери. Панелите се сретнуваат во две стандардни големини: 3,2m x 1,2m и 3,2m x 1,4m. Портфолиото на локации обезбедува долготрајна изложеност комбинирана со доминанта големина и блискост до публиката што го прави овој тип на реклама идеален за комуницирање на подетални маркетинг пораки.

Портфолио на локации:

  • Проверка на рачен багаж во зоната на Заминувања
  • Влезни точки во зоната на Заминувања и чекални
  • Пасошка контрола на Пристигнувања
  • Ѕид пред место за пречек

Технички карактеристики на постер:

  • „Grayback“ ПВЦ фолија наменета за внатрешно поставени постери
  • Печатење со најмалку 720 dpi
  • Мат ламинација на постерот
  • Постерите мора да ни бидат доставени најмалку 48 часа, пред посакуваната дата за монтажа