Специјално брендирање

Специјалните решенија за брендирање на конкретни делови на аеродромот ја пренесуваат маркетинг пораката на голема врата, притоа генерирајќи силен ефект и јакнејќи ја свеста за брендот кој што се рекламира, и истовремено подобрувајќи го искуството на патниците на аеродромот. Можностите опфаќаат брендирање на столбови, ѕидови, ескалатори, сепаратори и стаклени врати и прозорци во најатрактивните зони, правејќи ги рекламите сеприсутни и дел од амбиентот со кој е соочен гледачот. Овој тип на брендирање исто така му дава и посебна креативна слобода на огласувачот да одлучува за сите аспекти на рекламата што го прави овој тип на рекламна површина омилен за оние кои сакаат да ги пренесуваат своите маркетинг пораки на оригинален и имагинативен начин.