Услуги

Нудиме исклучително атрактивен и ефективен медиумски канал сместен во прекрасно ново окружување, виден од публика од повеќе од 2 милиони луѓе годишно. Ние испорачуваме реклами и овозможуваме да се влијае на една од најтешко достапните целни групи составена од бизнис лидери и луѓе со високи примања. Ова се лица кои сакаат луксузни добра и во исто време го имаат расположливиот приход за да си ги дозволат тоа. Дополнително, тие се и најбрзите „прифаќачи“ на нови технолошки уреди со високи познавања и посебен интерес за овој сектор кој е во развој.

Искуството на аеродром е универзално за сите патници: тие се возбудени, се чувствуваат добро во таа средина, додека во исто време ги имаат истите потреби за забава и прием на нови информации. Патниците воедно се наоѓаат во точка на затеченост во која престојуваат подолго време каде што се во состојба и се волни да ги апсорбираат, да бидат обземени и да се во интеракција со медиумските пораки. Овој начин на размислување на патниците претставува уникатна можност за огласувачите, а последните истражувања на ова поле го потврдуваат овој факт и покажуваат дека потрошувачите се исклучително приемчиви за овој медиум и дека огромно мнозинство од преку 85% од меѓународните патници уживаат да ги гледаат аеродромските реклами. Тие очекуваат да ги видат премиум брендовите и новата технологија како дел од амбиентот на аеродромот, перцепција која што им обезбедува на огласувачите ефективен медиум за да се привлече вниманието и да се изгради посилна врска со оваа високо квалитетна публика.

Широката понуда на рекламни површини на Портлине на Аеродромот „Александар Велики“ се состои од:

  1. Панели со стандардни и мега димензии кои за возврат може да бидат:
    • Внатрешно Осветлени
    • Неосветлени
  2. Специјални решенија за брендирање на:
    • Ескалатори
    • Столбови
    • Стаклени врати и прозорци
    • Ѕидови
  3. Можност за поставување на промотивни штандови на стратешки локации
  4. Можност за вршење на промотивни активности

Сите рекламни површини се со највисок квалитет и придонесуваат за подобрување на искуството на патниците за аеродромот.

За да дознаете повеќе за секој од различните типови на рекламни површини кои ги нудиме, пребарајте ги копчињата на десната страна.