Промоции

Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје нуди уникатна можност на огласувачите кои сакаат да предизвикаат интерес, да ја подигнат свеста за брендот и да се поврзат директно со целната група составена од луѓе со повисоки примања присутна на аеродромот. Портлине ги нуди сите замисливи можности без оглед на тоа дали станува збор за штанд за делење на летоци, изложба, специјална промоција или промоција со која ќе го ставите Вашиот бренд во рацете на овие потрошувачи од повисока класа. Каква и да е целта, Портлине ќе Ви помогне да создадете интересен микс од традиционални и нетрадиционални медиуми со цел да ги привлечете и да стапите во интеракција со Вашите потенцијални потрошувачи. Покрај тоа, Портлине нуди и извонредни можности за сегментација на публиката според насока и дестинација.