Мегалајт

Мегалајтите се најголемиот формат на внатрешно осветлени рекламни панели кои се одликуваат со огромни димензии и силен ефект врз публиката. Самата големина и квалитетот на панелот генерираат престиж за брендот и пренесуваат порака на доминантост и надмоќ врз гледачите. Панелите се сретнуваат во две стандардни големини: 4m x 3m и 6m x 2m со портфолио на локации кое ги вклучува најистакнатите позиции како внатре така и надвор од аеродромската зграда што го прави овој тип на рекламна површина идеален за досег до 100% од публиката која минува на аеродромот.

Портфолио на локации:

  • Централни позиции во главната аеродромска хала
  • Аеродромска градина помеѓу терминалната зграда и паркинг простор

Технички карактеристики на постер:

  • Најмалку 350g/метар квадратен густина, препорачуваме 550g/метар квадратен
  • Најмалку 25% пропустливост на светлина
  • Печатење со најмалку 720 dpi, препорачуваме двострано печатење
  • Постерите мора да ни бидат доставени најмалку 48 часа, пред посакуваната дата за монтажа