Кои Сме Ние

Портлине е водечка маркетинг агенција која работи исклучиво со понуда на простор за огласување на аеродроми (внатре/надвор).

Компанијата е основана во 1999 година во Истанбул, но за краток временски период успеа да ги прошири своите активности и надвор од Турција. Денес, компанијата е присутна на повеќе елитни аеродроми ширум светот, а почувајќи од 2012 година, таа е присутна и во Македонија, на Аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Аеродромското огласување е важен елемент на многу рекламни кампањи, со добра причина. Рекламите кои се поставени на аеродромите секогаш го привлекуваат вниманието на огромен број на минувачи поради високиот квалитет на рекламните површини и постерите. Аеродромското огласување нуди реклами со луксузен изглед, сместени во пријатно окружување, со што се врши позитивно влијание врз целните групи. Креативите кои се употребуваат на аеродромите вообичаено се разнобојни и интерактивни, што им овозможува да ја пренесат пораката без пречки и на концентриран начин до атрактивна публика.која нема простор за да „избега“.

Клиенти на Портлине се добро познати компании кои ги следат модерните трендови и ги уживаат придобивките од аеродромското рекламирање.

www.portline.com.tr