15ти Септември 2017

Зголемен број патници на аеродромот во Скопје и во Охрид

Бројот на превезени патници на двата аеродрома во Македонија во континуитет бележи раст, Oд двата аеродроми во Македонија, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, од јануари до август годинава превезени се вкупно 1.339.065 патници, што претставува зголемување од 10,5 проценти споредено со истиот период лани.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, се регистрирани вкупно 1.223.630 патници, што во споредба со истиот период од лани, претставува зголемување од 10,4 отсто, кога биле превезени 1.108.157 патници,.

На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид за периодот од јануари до август 2017 година, биле превезени 115.435 патници, и во споредба со истиот период од 2016 година, кога биле превезени 113.431 патници, се бележи зголемување од 11, 6 проценти.

Најзастапени дестинации, според бројот на патници, за периодот јануари – август се Истанбул со 12,5 проценти, Цирих со 9 проценти, Виена со 6,6 проценти и Базел 5,1 отсто.