29ти Август 2017

Македонија и Кина ќе потпишат договор за соработка во воздухопловството

Македонија и Кина се подготвуваат да потпишат билатерална спогодба за услуги во воздухопловството откако претставници од двете земји се сретнаа во Скопје минатата недела. Висока делегација од Кинеската Администрација за Цивилна Авијација (Civil Aviation Administration of China CAAC) презентираше предлог текст на договорот кој сега ќе биде разгледуван од страна на Македонската Влада. Од друга страна, Македонската Дирекција за Цивилна Воздушна Пловидба предложи потпишување на Меморандум за техничка соработка. Двете страни се трудат да востановат правна рамка која ќе овозможи отворање на редовни летови, како и промоција на техничката и образовна поддршка во оваа сфера. Двете страни се согласни дека отворањето на директни летови ќе помогне за растот на  туризмот и економијата, како и протокот на луѓе помеѓу двете земји.