Внатрешно осветлен панел

Внатрешно осветлените панели се осветлени рекламни површини со високо квалитетен стаклен екстериер кои прекрасно се вклопуваат во окружувањето на новата терминална зграда на Скопскиот аеродром, подобрувајќи го севкупното искуство на патниците со нивното присуство во најважните сектори на аеродромот. Стандардната големина на поставените панели изнесува 3m x 1.2m, големина вообичаено наменета за надворешни реклами, која нуди одлична можност да се остави траен впечаток врз целната група. Портфолиото на локации осигурува долготрајна изложеност на рекламите и обезбедува длабочина во пренесувањето за пораката што го прави овој вид на реклама идеален за подетални маркетинг пораки.

Портфолио на локации:

  • Пултови за регистрација
  • Чекални во зоната на заминувања
  • Чекални во зоната на заминувања со трансфер со автобус
  • Сектор за подигање на багаж во зоната на пристигнувања

Технички карактеристики на постер:

  • Најмалку 350g/метар квадратен густина, препорачуваме 550g/метар квадратен
  • Најмалку 25% пропустливост на светлина
  • Печатење со најмалку 720 dpi, препорачуваме двострано печатење
  • Постерите мора да ни бидат доставени најмалку 48 ч. пред посакуваната дата на монтажа